Site Overlay

Здружението на социјални работници на град Скопје започна со проектот „Не се клади со животот“, дел од програмата на CIVICA Mobilitas

Здружението на социјални работници на град Скопје во соработка со Здружение на клубови на лекувани алкохоличари на Република Македонија и продукциската куќа Минимал Скопје ја започнува кампањата “Не се клади со животот” за  подигнување на јавната свест кај граѓаните за сериозноста на проблемот од спортско обложување и останати игри на среќа.

Проектот ќе започне со собирање на статистички информации за односот меѓу младите и игрите на среќа и обложувалниците. Планирана е и реализиација на форуми во осум градови низ Македонија каде ќе се доближи овој проблем до локалната заедница и ќе се понуди начин на помош и поддршка на граѓаните кои имаат проблем со зависност од игрите на среќа или обложување.

Кон крајот на годината ќе започне медиумска кампања која треба да ја заокружи идејата на овој проект и да помогне преку промоција на отворените телефонски СОС линии на сите оние кои имаа проблем со зависност од обложување и игри на среќа.

Проектот Не се клади со животот е поддржан од програмата Цивика Мобилитаспрограма на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ) за поддршка на граѓанското општество во Македонија, која ја спроведуваат НИРАС од ДанскаМакедонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и ФЦГ од
Шведска.

Избрани 12 акциски грантисти на Цивика мобилитас