Здружението на социјални работници на град Скопје, по повод неделата на социјалните работници, од 08-12.06.2015 година, го одбележa со низа активности кои се поврзани со: промовирање на професијата социјален работник во земјата, организирање на медиумска кампања, спроведување на хуманитарна акција за помош на емигрантите од кризните подрачја, a кои транзитираат низ Република Македонија и организирање на трибина, во Свети Николе, за промоција на позитивната пракса од страна на социјалните работници во системот на социјална заштита.