Site Overlay

Проект „Локално, но гласно“ (LOCAL, but VOCAL)!

Драги пријатели, би сакале да Ве информираме дека Здружението на социјални работници на град Скопје и Ресурсниот центар за самохрани родители МИНУС И ПЛУС – Скопје, ќе реализираат заеднички проект со наслов „Локално, но гласно“ (LOCAL, but VOCAL). Целта на проектот е застапување на правата на децата од еднородителските семејства, преку анализа на нивните потреби и зголемена влученост на самохраните родители во креирањето на политиките и мерките во областа на социјалната заштита на локално ниво. Со овој проект ќе се направат пионерски чекори за утврдување на правата на децата на самохраните родители, кои директно ќе бидат вклучени во предвидените активности со претставници од општините, основните и средните училишта, градинките, центрите за социјална работа, и други релевантни институции од областа на социјалната и детската заштита на локално ниво. За сите планирани активности (истражување, дебата, фокус групи) редовно ќе Ве информираме, за да можат сите заинтересирани самохрани родители навремено да се пријават за учество, и конечно, отворено и гласно да се проговори за секојдневните проблеми на децата од еднородителските семејства.