Site Overlay

„СВЕТСКИОТ ДЕН НА СЕМЕЈСТВОТО“

Здружението на социјални работници на град Скопје, по повод „СВЕТСКИОТ ДЕН НА СЕМЕЈСТВОТО“ организираше стручна дискусија на тема: “Улогата на социјалниот работник во поддршка на разните видови на семејства”.
Целта е размена на знаења и позитивни практики од работата на социјалните работници, при давање на поддршка на семејствата во социјален ризик.
На овој начин здружението работно го одбележа денот на семејството, преку ТВ интервјуто на претседателката М-р Јагода Насковска и учеството на членовите на здружението Душанка Петрова и Андон Дамовски во утринската програма на МТВ, каде беше промовирана социјалната работа како професија и беше испратена порака за важноста на социјалниот работник во поддршка на семејствата во ризик.32509960_1888368098122557_5545269968498589696_n 32512105_1888368191455881_7141532376949063680_n 32545747_1888368184789215_2591656117641674752_n 32598566_1888368178122549_1339505505399209984_n 32653031_1888368094789224_6823071379563216896_n