Site Overlay

Фокус група општина Гази Баба

На ден 22.03.2016 година, во просториите на Општина Гази Баба се одржа тркалезна маса во рамки на проектот „Локално, но гласно“ (LOCAL, but VOCAL), поддржан од Европската унија, во присуство на стручни соработници од детските градинки, основните и средните училишта, самохрани родители од општината, како и претставници на центарот за социјална работа.
Целта на проектот е застапување на правата на децата од еднородителски семејства, преку анализа на нивните потреби и зголемена вклученост на самохраните родители во креирањето на политиките и мерките во областа на социјалната заштита на локално ниво.
Проектот „Локално, но гласно“ е организиран во соработка со Здружението на социјални работници на Град Скопје и Ресурсниот центар за самохрани родители МИНУС И ПЛУС – Скопје.

IMG_20160322_101140 IMG_20160322_101226 IMG_20160322_111523 IMG_20160322_113528