Во периодот од 19-22 Септември 2023 год., Институтот за социјална работа и социјална политика при Филозофскиот факултет одбележува 65 години од образованието по социјална работа и социјална политика со меѓународна конференција на тема „Социјалната работа и социјалната политика во време на глобални кризи“. Над 130 гости од државата и од странство презентираат истражувања, практики и и политики поврзани со социјалните одговори на глобалните кризи. На конференцијатата се доделија и признанија и благодарници до професори од Институтот за социјална работа и социјална политика, како и до професори од странство кои придонеле за промоција на образованието и истражувањата во доменот на социјалната работа и социјална политика.