Site Overlay

СОС линијата за помош од дрога

 

Здружението на социјални работници на град Скопје, благодарение на поддршката од Град Скопје продолжува со работата на СОС линијата за помош од дрога, која веќе функционира 20 години. На телефонскиот број 02/3212690, граѓаните можат да добијат информации за проблемите поврзани со употеба на дрога како и за правата од социјална и здравствена заштита. Исто така преку овој проект ќе се реализираат и други активности во насока на превенција на употреба на дроги кај младите во социјален ризик како и едукација на студентите од Институтот за социјална работа и социјална политика за вклучување во овие активности.