Здружението на социјални работници на град Скопје во соработка со Здружение на клубови на лекувани алкохоличари на Република Македонија и продукциската куќа Минимал Скопје е автор на кампањата “Не се клади со животот” за подигнување на јавната свест кај граѓаните за сериозноста на проблемот од спортско обложување и останати игри на среќа.
Проектот започна со собирање на статистички информации за односот меѓу младите и игрите на среќа и обложувалниците. Преку анкети во средните училишта на осум града во Република Северна Македонија. Реализирацијата на форуми во осумте градови имаат за цел да се доближи овој проблем до локалната заедница и да се понуди начин на помош и поддршка на граѓаните кои имаат проблем со зависност од игрите на среќа или обложување.
Паралелно со анкетирањето и форумите се спроведува и медиумска кампања која ја заокружува идејата на овој проект. Преку социјалните медиуми проектот „Не се клади со животот“ ја започна својата приказна, а трите видео записи само ја надополнуваат и ја пренесуваат на нов медиум преку прикажување на националните и локални телевизии. Преку промоција на видео записите со силна порака за зависниците од игри на среќа се промовира и отворената телефонска СОС линија за помош на сите оние кои имаа проблем со зависност од обложување и игри на среќа.
